Ништо не е загубено

И покрај поразот на стартот на предолимпискиот квалификациски турнир во Венецуела од репрезентецијата на Ангола, селекторот на Македонија, Марјан Лазовски верува дека ништо не е загубено и тимот е се уште самоуверен.

Тие беа подобри од нас и ја заслужија победата. Водеа уште од првата четвртина, тактички одиграа подобро од нас и им честитам за победата. Утре е нов ден, ние ќе бидеме посконцентрирани, ќе се обидеме да исправиме некои грешки што ги направивме вечерва и верувам во победа. Ништо не е загубено, ние и натаму сме самоуверени", изјави Лазовски.

Репрезентацијата на Македонија денес го игра вториот меч во групата каде противник е Нов Зеланд. Натпреварот во Каракас е закажан за 20.00 часот по македонско време. За крај на натпреварите во групата, во среда, Нов Зеланд ќе се сретне со Ангола.