Деца го посрамотија обезбедувањето на ОИ

Британците потрошија милиони на обезбедувањето и ангажираа 70 специјалци кои ќе бидат задолжени само за чување на факелот, но ниту тоа не беше доволно за да се спречи напад од две мали дечиња.

Британската влада одлучи дека 10.000 обезбедувачи, 12.000 полицајци и 13.500 војници нема да бидат доволни па ангажираше уште 70 посебно обучени специјалци кои ќе се грижат околу обезбедувањето на олимпискиот факел.

Но се покажа дека дури ни тие не се доволни за да го одбранат факелот. Две дечиња успеаја да го пробијат обезбедувањето во Ковентри и го грабнаа факелот.

3 јули 2012 - 11:39