Дејвид Бекам беше еден од главните промотори на Олимписките игри и цело време изјавуваше дека сонува да настапи за тимот на Велика Британија на Олимпијадата во неговата родна земја.
Но селекторот Стјуарт Пирс му го урна сонот изоставувајќи го ветеранот од репрезентацијата. Тој својот гнев го истури на натпреварот против Сан Хозе за својот ЛА Галакси во лигата на САД.
Најпрво постигна прекрасен гол од слободен удар
а потоа удри со топка еден повреден противнички играч, за на крајот да се обиде да се пресмета со цел тим, па дури и маскотата.