Интер, Реал Мадрид, Барселона, Јувентус и Манчестер Сити беа заинтересирани за 14-годишниот Хаким Мастур, но сепак тој премина од Реџана во Милан за 500.000 евра.
Медиумите го нарекоа „мароканскиот Меси", а стручњаците кои го гледале како игра велат дека тој потсетува на Зидан, Рикелме и Снајдер.
Тој покажа дел од своите вештина на промоцијата каде жонглираше со портокал и пинг понг топче.