Offside

Вечерва и утре вечер се играат првите натпревари од баражот за влез во Лига на шампиони, последно квалификациско скалило пред сонуваната елита. Реваншите се на 25-ти и 26-ти август.

Евро 2012 "тежи" четири милијарди

Според последните процени на вредноста на фудбалскиот пазар, 368 играчи кои ќе настапат на Европското првенство за националните тимови вредат вкупно 3,85 милијарди евра и ова натпреварување ќе влезе во аналите на фудбалската игра како "највредно" во историјата.

Македонија паѓа и кога игра добро

И покрај тоа што Македонија ремизираше со Португалија и Ангола, нашата фудбалска репрезентација забележа пад од три места на ранг листата на ФИФА.

Потенцијални ѕвезди на ЕУРО 2012

На Европското првенство во Полска и Украина ќе настапат скоро сите најголеми фудбалски ѕвезди на стариот континент, но и помлади фудбалери кои имаат потенцијал да блеснат и да го искористат ова натпреварување за пробивање кон врвот. Ова се дел од нив.

Тврда шкотска глава

Прославите можат да бидат болни, а понекогаш може и крв да падне, ама Шкотланѓаните си немаат гајле.

И Федерер знае да збесне

Навикнати сме да гледаме „ладнокрвен" Федерер, но и тој е обичен човек кој понекогаш знае да се изнервира кога губи и да им се развика на гледачите кои галамат додека топчето се уште е во игра.

Бостон го изненади Мајами

Кошаркарите на Бостон победија на гостивањето кај Мајами со 90:94 и поведоа со 3:2 во финалната серија на источната конференција.

Хероите на Европските првенства

Преостануваат уште само три дена до почетокот на ЕУРО 2012 и можеме само да погодуваме кој фудбалер ќе го одбележи ова издание на најинтересното европско фудбалско натпреварување. Да се потсетиме на ѕвездите од минатите изданија на шампионатите на Европа.

Поранешен фудбалер на Челси ќе трча на ОИ

Фудбалерот Адем Џемили кој седум години играл за младинските тимови на Челси, ќе настапи на Олимписките игри но не како фудбалер, туку како член на атлетскиот тим на Велика Британија.

ЕУРО 2012 - првенство на странци

На Европското првенство ќе учествуваат 16 репрезентации со по 23 фудбалери од кои 34 не се родени во државите кои ќе ги претставуваат, а 11 од нив не се ни родени во Европа.

Модерни тифози

И навивачите веќе не се тоа што беа. Португалците го формираа нивното знаме со помош на стотина таблет компјутери пред пријателскиот натпревар со Турција.

Оклахома на чекор до финалето

На кошаркарите на Оклахома им е потребна само уште една победа за прв пласман во НБА финалето во историјата на клубот откако славеа на гостувањето кај Сан Антонио со 103:108.

Ич не беше местена

Селта Виго обезбеди пласман во Примера откако одигра 0:0 со Кордоба. На Селта и требаше бод за промоција, а на Кордоба и беше доволен бодот за пласман во плеј-оф. Натпреварот беше блокиран во повеќето кладилници, а таму каде што се уште беше во понуда, коефициентот за X беше 1,2.

Големата уста на Наполи

Познатиот италијански филмски продуцент Аурелио Де Лаурентис во 2004-та година го купи сегашниот клуб на Горан Пандев и успеа од банкротиран клуб во третата лига да го одведе Наполи до Лигата на шампиони. Но арогантниот филмаџија освен со своите успеси, се прослави и со контроверзни изјави.

ЕУРО 2012 Ексел

Европското првенство само што не започнало. Ги знаеме сите состави, дресови, стадиони, судии, фризури, швалерки... па редно е да го имаме и распоредот на натпревари и тоа во Ексел формат.

Интер ќе гради нов стадион

Италијанските медиуми открија дека челниците на Интер наскоро планираат да започнат со изградба на нов стадион кој ќе биде готов за четири години.

Скандалите носат титули за Италија

Репрезентацијата на Италија во екот на подготовките за Европското првенство беше потресена од голем обложувачки скандал. Но тоа не треба да ги загрижува многу. Италија два пати стана светски шампион откако претходно беа откриени скандали со наместени натпревари.

Магија на Дос Сантос против Бразил

Мексико го изненади Бразил совладувајќи го со 2:0 на пријателски натпревар во САД. Најзаслужен за победата беше Џовани Дос Сантос врз кого беше направен пенал кој успешно го изведе Чичарито, а и самиот Дос Сантос се запиша во листата на стрелци со прекрасен гол во 22-та минута.

ЕУРО историја со лего коцки

Најдобрите моменти од историјата на Европските фудбалски првенства прикажани со лего коцки.

Селтикс поуспешни по продолжение

Екипата на Бостон Селтикс ги победи Мајами Хит со 93:91 по продолжение и израмни на 2:2 во финалната серија на источната конференција во НБА лигата.

Шпанија и Германија фаворити на ЕУРО 2012

Според коефициентите на обложувалниците, најголеми фаворити за освојување на Европското првенство во Полска и Украина се репрезентациите на Шпанија и Германија, а најголеми аутсајдери се Ирците.

Дурент и Ибака за израмнување на западот

Оклахома Сити Тандер предводени од Дурент и Ибака ги совладаа Сан Антонио Спарс со 109:103 и израмнија на 2:2 во финалната серија на западната конференција.

Германија ќе го освои ЕУРО 2012

Нема потреба да го гледаме Европското првенство. Германија ќе биде шампион. Барем така вели симулацијата на „ЕА Спортс", а нивните прогнози во минатото се покажаа како точни.

Најлошите потези од изминатата недела

Редовно ви ги прикажуваме најдобрите голови, забивања, додавања... па редно е да ги видиме и најлошите спортски потези (фејлови) од изминатиот период.