
Една понуда од Реал Мадрид е веќе одбиена, а за него се заинтересираа и двата ривали од Манчестер, Јунајтед и Сити. Некои го нарекуваат новиот Лука Модриќ, а Шпанците велат дека кога топката е во него тој наликува на Лионел Меси. Како и да го наречете, детето е најголемиот талент во младинските школи на Динамо Загреб и за него допрва ќе се пишува.
Хрватскиот клуб е познат по бизнисот со младите играчи. 21 милиони евра за Модриќ од Тотенхем, 13,5 од Арсенал за Едуардо, 13 за Чорлука од Манчестер Сити... Мамиќ знае како да продаде играч и повеќе од сигурно е дека ќе заработи огромна сум и од нивниот нов голем талент, Ален Халиловиќ.
„Тој е невиден талент. Поседува неверојатна моќност кога топката е со него", изјави Ромео Јожак, директорот на младинската академија на Динамо, односно човекот кој работел со сите таленти на клубот, вклучувајќи го и Лука Модриќ.
„Сум го гледал и Лука Модриќ на истата возраст и можам да кажам дека Ален е чекор или два пред него. Тој е непобедлив кога ја има топката. Сите се уверени дека тој ќе биде сензација", дополни Јожак.
Уверете се и сами: