Сампдорија го победи Наполи со 1:0 во последното коло од сезоната 2009/10 и со оваа победа тие осигураа пласман во квалификациите за Лигата на шампиони.
И покрај тоа што овој натпревар (најверојатно) бил регуларен, на Наполи му се заканува казна со одземање на бодови затоа што постоело обид за местење, а неколку фудбалери се обиделе да го прикријат обидот.
Тогашниот резервен голман Матео Џианело е обвинет дека се обидел да убеди неколку соиграчи да го наместат натпреварот, а сегашните соиграчи на Горан Пандев кој во тој период го носеше дресот на Лацио, Паоло Канаваро и Џанлука Грава одбиле да местат, но не го пријавиле обидот.
Тие би можеле да заработат суспензии на ист начин како што за премолчување на наместени натпревари беше казнет и тренерот на Јувентус, Антонио Конте.