Откако на навивачите на аргентинскиот клуб Колон им стана јасно дека нивниот клуб ќе биде елиминиран во осминафиналето на Копа Судамерикана од парагвајскиот клуб Серо Портењо, тие започнаа да го напуштаат стадионот, но притоа фрлаа и предмети кон домашната публика.
Навивачите на Серо Портењо и полицијата возвратија жестоко, по што фудбалерите на Колон се обидоа да ги заштитат нивните навивачи и се судрија со полицијата.
Ситуацијата се смири по 20 минути и натпреварот продолжи откако судијата им покажа црвени картони на двајца гостински фудбалери кои беа вклучени во инцидентот.