Offside

Вечерва и утре вечер се играат првите натпревари од баражот за влез во Лига на шампиони, последно квалификациско скалило пред сонуваната елита. Реваншите се на 25-ти и 26-ти август.

Бостон се врати во игра

Бостон Селтикс го совладаа Мајами со 101:91 и намалија на 1:2 во финалната серија од Источната конференција.

Offside Fantasy Football лига

Со завршувањето на возбудувањата на Европското првенство во Полска и Украина, заврши и нашата Fantasy Football лига.

Клубовите оствариле приход од 17 милијарди евра

Ревизорската куќа Дилоит го објави својот редовен извештај според кој во сезоната 2011/12, фудбалските клубови од Европа оствариле приход од 16,9 милијарди евра.

Оклахома конечно ги сопре Спарси

Екипата на Оклахома Сити Тандер ја прекина серијата од 20 победи на Сан Антонио Спарс и намали на 2:1 во финалната серија на Западната конференција во НБА лигата.

НБА навивачи

Американците ќе сторат сѐ за да ги има на ТВ.

Англија преовладува на ЕУРО 2012

На Европско првенство во Полска и Украина ќе учествуваат 16 репрезентации, а 14 од нив имаат по барем еден фудбалер кој игра во Англија. Клуб кој ќе прати најмногу играчи на првенството е Баерн Минхен, а фудбалери на Арсенал ќе настапат за седум различни репрезентации.

Роџерс ќе ја предводи револуцијата во Ливерпул

И покрај тоа што сите очекуваа дека управата ќе донесе познато тренерско име кое ќе се обиде да го врати клубот на старите патеки, Ливерпул го ангажираше поранешниот тренер на Свонси, Брендан Роџерс.

Монструозно забивање на Бјелица

Каха Лаборал го совлада Реал Мадрид на вториот натпревар од полуфиналната серија од плејофот на шпанската лига, а потегот на вечерта беше забивањето на Немања Бјелица кој воедно изнуди и фаул.

Касиљас постави светски рекорд

Икер Касиљас го собори светскиот рекорд за најмногу победи во дресот на националниот тим.

Мајами поуспешни во драмата

Мајами Хит го победи Бостон по пресврт и продолженија и поведе со 2:0 во финалето на Источната конференција.

Адвокатот кој навива за Рома доби договор со Интер

До неодамна анонимниот адвокат кој навива за Рома, Андреа Страмачони потпиша тригодишен договор со Интер и во иднина ќе биде постојан тренер на оваа екипа.

Да ти се припие Кока Кола

Лампард, Дрогба и Торес беа дел од една од најлошите реклами на Пепси.

Металург го сели Станиќ во Катар

Само еден ден откако РК Металург објави дека Дарко Станиќ потпишал нов договор со клубот, дознаваме дека ракометниот шампион на Македонија ќе го прати голманот на позајмица во Катар.

„Стадиони на омразата“ или сензационалистичко новинарство?

Британската телевизија БиБиСи преку својот документарец „Стадиони на омразата" прати јасна порака дека УЕФА згрешила со тоа што им го доделила Европското првенство на Полска и Украина и навивачите не треба да патуваат таму, но дали тие малку претераа?

Тајната на Енди Мареј е во старите чорапи

Британскиот тенисер Енди Мареј ја откри тајната на својот успех. Тој секогаш игра во стари чорапи.

Сан Антонио со рекорд до 2:0

Кошаркарите на Сан Антонио ја победија Оклахома во вториот натпревар од финалето на Западната конференција на НБА лигата и ја продолжија рекордната серијата од 20 победи.

Ангола - Македонија ништо:ништо

Македонската фудбалска репрезентација одигра уште еден натпревар за кој немаше ТВ, радио, ниту пренос на интернет, а единствена статистика која ја добивме благодарение на интернет кладилниците беше бројот на корнери.

Најдобрите голови на Европските првенства

Одбројувањето започна. На десет дена пред почетокот на Европското фудбалско првенство во Полска и Украина, да се потсетиме на најдобрите десет голови од минатите изданија на ова натпреварување. Да се надеваме дека и оваа година ќе гледаме вакви мајстории.

Босански ватерполо-фудбал

Младост избори опстанок во третата ватерполо фудбалска лига на БИХ на базенот теренот во Брчко.

27 години од трагедијата на Хејсел

На денешен ден пред 27 години на стадионот „Хејсел" во Брисел загинаа 39 навивачи пред одигрувањето на финалето од Купот на европските шампиони помеѓу Јувентус и Ливерпул.

21 година од европската титула на Црвена Ѕвезда

На 29 мај 1991-та година, Дарко Панчев и Илија Најдоски со Црвена Ѕвезда на финалето во Бари го совладаа Олимпик Марсеј и станаа шампиони на Европа.

Мајами лесно против Бостон

Мајами Хит ги победија Бостон Селктикс со 93:79 на првиот натпревар од финалето на Источната конференција.

Наградна игра: Најди ја топката

За денес имаме една тешка задача. Треба да ја најдете топката на сликата, а главната награда е 2 билета за следниот натпревар помеѓу Куратица и Дебрца.