Лионел Меси во својата биографија има запишано и три признанија за најдобар фудбалер на светот, оваа година би можел да ја добие и четвртата Златна Топка. Но тоа воопшто не му се допаѓа на Мурињо. Според него, оваа година Меси не ја заслужува таа награда.
„Ако Меси е најдобар на светот, тогаш Роналдо е најдобар во универзумот. Ќе биде криминал ако Роналдо не ја добие Златната Топка."
Роналдо последен пат ја доби наградата во 2008-та година, а од тогаш три години по ред таа оди кај Меси. Мурињо смета дека време е наградата повторно да му припадне на Роналдо.
„Ако треба да му се даде наградата на најдобриот тогаш дајте им ја на Кристијано или Меси. Но јас би прашал: ако и двајцата се подеднакво добри, тогаш дали е нормално едниот да има четири, а другиот само една таква награда? Не е!"
Според Мурињо, играчот мора да има освоено титули за да ја добие наградата.
„Како може да се добие наградата без да се освојат титули? Интерконтиненталниот Куп или Суперкупот се мали работи. Јас зборувам за големи титули. Овој пат Меси навистина не може да биде најдобар", изјави Мурињо.