Дени Роуз по завршувањето на натпреварот ги испровоцира домашните навивачите и предизвика тепачка помеѓу фудбалерите и тренерите на младинските репрезентации на Србија и Англија, а потоа изјави дека во текот на целиот натпревар тој бил навредуван на расна основа и бил гаѓан со камења.
Оваа негова изјава Англичаните ја искористија за голема кампања против Србија и почнаа да вршат притисок кон УЕФА за казнување на нашиот северен сосед.
Но според ФСС, тврдењата на Роуз се неосновани и тие го демантираат со видеото со наслов „Кого лаже Дени Роуз?"
Дени Роуз во своето интервју за домашните медиуми изјави: „Веднаш почнаа со мајмунски извици уште кога се загревавме. Во текот на првото полувреме кога приоѓав да ја земам топката за да изведам аут, навивачите почнаа со мајмунските извици, но во второто полувреме беше уште пострашно. Два камења ме погодија во глава додека ја уфрлав топката во терен."
Но во описот на видеото од ФСС стои: „Како што можете да видите на оваа снимка, во текот на натпреварот немало неспортско однесување и навреди на противничкиот фудбалер на расна основа."