БиБиСи ги анализираше цените на 166 клубови од 10 лиги во Велика Британија (првите 5 од Англија, 4 од Шкотска и женската Супер лига) и нивната анализа покажа дека просечната цена на најевтините билет се зголемила за 11,7% во изминатите 12 месеци.
Од сите стадиони во Британија, најскапо ќе поминете ако сакате да посетите натпревар на Арсенал. Таму најскапиот билет оваа сезона чини 126 фунти, односно за 26 фунти повеќе од минатата година. Меч програма чини 3 фунти, парче пита 3,3 и чај чини 2 фунти, што значи дека за еден натпревар ќе потрошите 134,3 фунти или 10.252 денари, што е еднакво на пола македонска просечна плата (20.781 денари според ДЗС).
Арсенал го има и најскапиот сезонски билет кој чини 1.955 фунти (скоро 150.000 денари), а за 90 фунти можете цела сезона да ги гледате натпреварите на Монтроуз во шкотската 4-та лига.
Ако не ви е важен квалитетот на фудбалот и само сакате да јадете евтина пита за време на натпревар, тогаш треба да одите во Шкотска каде на стадионите на Алоа, Албион и Форфар парче чини 1 фунта.
А ако сакате да поминете најевтино и плус да гледате жени, тогаш ќе одите на натпревар од женската Супер лига каде билетите се движат од 4 до 6 фунти, а сезонските се од 22 до 44 фунти.