Актуелниот шампион на Германија, екипата на Борусија Дортмунд за секој домашен натпревар продава по 80.645 влезници, односно 100% од капацитетот на нивниот стадион. Влезница повеќе се бара и во Минхен, каде Баерн секој натпревар продава по 71.000 влезници.
Тоа се единствените клубови во Европа со стадиони над 50.000 гледачи кои секој натпревар имаат полн стадион.
Најблиску до исполнување на стадионите се Арсенал И Манчестер Јунајтед. Арсенал продава по 99,56% односно 60.355 влезници, а Манчестер Јунајтед за секој домашен натпревар продава по 98,87% или 76.212 влезници.
Екипата на Борусија Дортмунд е на правото место во Европа и по просечна посетеност на домашните средби. Зад нив се Манчестер Јунајтед, Барселона, Баерн Минхен и Реал Мадрид.
Интересно е што шкотскиот Глазгов Ренџерс во четврта лига продава по 46.738 влезници, односно повеќе и од актуелниот шампион на Англија, екипата на Манчестер Сити кои продаваат по 46.532 влезници по натпревар.