Германија: Борусија Дортмунд - Шалке
Во саботата во Германија се одигра рурското дерби помеѓу најголемите ривали од оваа област, Борусија Дортмунд и Шалке. Како и на секој дуел помеѓу овие две екипи и овој пат избија тепачки пред почетокот на натпреварот во кои беа повредени осум полицајци и уапсени 180 навивачи.
Словенија: Марибор - Олимпија Љубљана
На вечното дерби помеѓу клубовите од двата најголеми словенечки градови, навивачките групи Viole и Green Dragons приредија прекрасна атмосфера, но само до полувремето. По полициската интервенција со кој беа избркани гостинските навивачи, а колегите од Словенија оваа интервенција ја опишуваат како „масакр", дури и домашните навивачи се солидаризираа со нивните ривали и протестираа со 15-минутен молк.
Кипар: Анортозис - Омонија
Големото дерби на Кипар можеше да прерасне во голема трагедија. Додека му се укажуваше лекарска помош на домашен фудбалер, гостинските навивачи фрлија пиротехничка направа која повреди неколку фудбалери и членови на лекарскиот тим.
АБА лига: Будуќност - Партизан
Натпреварот во Подгорица започна со задоцнување од половина час откако домашните навивачи влегоа на паркетот и тргнаа да се пресметаат со навивачите на Партизан. Со полициска интервенција беа испразнети трибините, но и повредени девет луѓе.