На Барселона и беа потребни само три минути да поведе со голот на Алба, во 6-та минута Тељо го зголеми водството, а по 18 минути тие веќе водеа и со 0:3 со првиот гол на Меси.
Во 26-та минута домаќините намалија со голот на Пици од пенал по прекршокот на Маскерано на работ од шеснаесетникот, а во 37-та минута Бергантинос намали и на 2:3 по несигурната интервенција на Валдес.
Сепак Барселона на паузата замина со водство од 2:4 со вториот гол на Меси по втората асистенција на Фабрегас.
Лудилот од првиот дел продолжи и во второто полувреме. На самиот старт Пици со прекрасен гол од слободен удар ги врати домаќините во игра, а по две минути Барселона остана со играч помалку откако Маскерано заработи и втор жолт картон.
Но домаќините не ја искористија предноста, а тогаш на сцена повторно стапи Меси кој во 77-та минута го реализираше својот хет-трик.
По само две минути Депортиво повторно намали откако Жорди Алба овој пат си стрелаше во својата мрежа, а до крајот на натпреварот домаќините направија притисок кон голот на Барселона, но сепак резултатот остана непроменет.
И покрај проблемите со повредните играчи, Реал не дозволи изненадување како на претходните два дуели со Селта во Мадрид.
Реал Мадрид поведе уште во 11-та минута кога Игуаин најверојатно сакаше да нафрли од левата страна, но успеа да го совлада голманот на Селта.
Конечниот резултат го постави Кристијано Роналдо со гол од пенал откако Кабрлал го собори Озил во шеснаесетникот.
ШПАНСКА ПРИМЕРА, 8. коло
сабота:
Малага – Реал Ваљадолид 2:1 (1:1)
Иско 37, Хоакин 87 – Манучо 9
Реал Мадрид – Селта 2:0 (1:0)
Игуаин 11, Роналдо 67пен
Валенсија - Атлетик Билбао 3:2 (1:2)
Солдадо 26, Коста 88, Валдез 90 - Адуриз 19, 30
Депортиво – Барселона 4:5 (2:4)
Пици 26пен, 47, Бергантинос 37, Алба 79аг - Алба 3, Тељо 6, Меси 18, 43, 77
недела:
12.00: Хетафе – Леванте
16.00: Еспањол - Рајо Ваљекано
17.50: Гранада – Сарагоса
19.45: Осасуна – Бетис
21.30: Сосиедад – Атлетико Мадрид
21.30: Севиља - Мајорка