Offside

Вечерва и утре вечер се играат првите натпревари од баражот за влез во Лига на шампиони, последно квалификациско скалило пред сонуваната елита. Реваншите се на 25-ти и 26-ти август.

Мајами лесно против Бостон

Мајами Хит ги победија Бостон Селктикс со 93:79 на првиот натпревар од финалето на Источната конференција.

Наградна игра: Најди ја топката

За денес имаме една тешка задача. Треба да ја најдете топката на сликата, а главната награда е 2 билета за следниот натпревар помеѓу Куратица и Дебрца.

Полските затвори спремни за ЕУРО 2012

Полска подготви 350 судии кои на самите стадиони ќе им пресудат на хулиганите и ќе ги пратат во еден од затворите каде за потребите на Европското првенство беа направени големи разместувања на затвореници и се ослободија 600 места.

Фудбал во холивудски стил

Што се добива кога мајстор за специјални ефекти со многу слободно време ќе изгледа неколку фудбалски натпревари?

Ролан Гарос е повеќе од тениски спектакл

Започна двонеделниот спектакл во Париз. Најголемите светски тенисерски имиња до 10 јуни ќе се борат за титулата од Ролан Гарос и поделбата на паричниот фонд кој годинава изнесува скоро 19 милиони долари.

101 голови и асистенции на Меси

На последниот натпревар на Гвардиола со Барселона, Лионел Меси го постигна својот 73-ти гол оваа сезона при победата над Атлетико Билбао во шпанскиот куп. Освен што постигнуваше, тој беше асистент на 28 гола. Погледнете ги сите негови 101 голови и асистенции оваа сезона.

Петкратен шампион во бокс пронајден мртов

Контровернзниот светски првак во бокс, Џони Тапиа е пронајден мртов во својот дом. Тапиа почина во 45-та година од својот живот.

Спарси поведоа против Оклахома

Започна финалето на Западната конференција каде Сан Антонио Спарс ја искористија предноста на домашниот терен и ја победија Оклахома со 101:98.

Капитенот на Лацио уапсен за местење натпревари

Италијанската полиција уапси 19 луѓе, а помеѓу нив е капитенот на Лацио, Стефано Маури. Под истрага е и тренерот на Јувентус, Антонио Конте.

Титулата остана кај Металург

Екипата на Металург го победи Вардар ПРО со 20:16 и ја осигура третата титула во серија и вкупно петта во македонската ракометна Супер лига.

Лазаров поразен во финалето на ЛШ

Новиот европски ракометен шампион е непобедливиот бундеслигаш Кил откако на завршницата од финалниот турнир го порази Атлетико Мадрид чиј член е капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров.

Најдобрите 101 голови на сезоната

Фудбалскиот видео портал 101greatgoals.com направи компилација од најдобрите 101 голови во сезоната 2011/12. Погледнете ги головите и учествувајте во изборот за најдобар гол на сезоната.

Фудбалски оскар

На финалето од канадскиот плејоф, Дејвидсон од екипата на Ванкувер одглуми дека имал дуел со Мајк Тајсон откако фудбалерот на Торонто, Де Гузман само го погали по образ.

Хорор судар со среќен крај

Американецот Конор Дејли е денешниот најголем среќлија откако се извлече неповреден по страшната несреќа на ГП3 трката во Монако.

Подмладената Македонија ја изненади Португалија

Селекторот Џон Тошак изненади многумина кога го соопшти списокот на репрезентативци, но тие уште повеќе пријатно изненадија со храбрата и дисциплинирана игра и ремизираа со фаворизираната Португалија.

Скопје има црвено-црно срце

Ако некој пред само една година ми кажеше дека оваа недела Вардар ќе прославува шампионска титула стварно ќе му се насмеев у фаца.

Украинскиот Марадона

Сигурно се сеќавате на „Божјата рака" на Марадона против Англија во 1986-та година. Нешто слично се случи и во Украина.

Нов топлес напад на ЕУРО 2012

Организаторите на Европското првенство немаат раат од топлес активистките од организацијата „Фемен" кои по трет пат го нападнаа пехарот кој им се врачува на победниците.

Нејмар има најголем маркетинг потенцијал

На врвот на листата на спортисти со најголем маркетинг потенција не се Бекам, Меси, Роналдо, Леброн Џејмс или Новак Ѓоковиќ, туку најпосакуван спортист како бренд е младиот Бразилец Нејмар.

Проектил од слободен удар

Конгоанецот Бурнел Окана постигна прекрасен гол од слободен удар на натпревар од украинската втора лига.

Леброн и Дурент ја предводат првата петорка на НБА

НБА ги објави најдобрите петорки во лигата за сезоната 2011/12 кои беа одредени со гласање на спортските новинари. Во првата петорка се наоѓаат Џејмс, Дурент, Брајант, Хауард и Пол.

Драхма или евро пред елиминација од ЕУРО 2012?

За време на Европското првенство освен добар фудбал ќе имаме и огромна понуда на стандардни, но и невообичаени кладби во обложувалниците каде можете да вложите пари на тоа дали Грција прво ќе испадне од ЕУРО 2012 или Еврозоната?

Грците го бојкотираа Антиќ со македонското знаме

Ниту еден грчки медиум не се осмели да ги прикаже снимките од Перо Антиќ кој даваше изјави со македонското знаме на себе. Во изјава за српскиот канал Спорт Клуб, капитенот на кошаркарската репрезентација го посвети освоениот трофеј од Евролигата на цела Македонија и потврди дека бил приморан да каже „ФИРОМ“ во телевизиските најави пред натпреварите.