Ова се дел од убавиците за кои најверојатно не сте слушнале:
Романа Табакова
Романа Каролина Табак, односно Романа Табакова е родена во 1991-та година во Братислава, Словачка. Највисок пласман и е на 255-то место на ВТА листата. Во 2007-та година оваа тенисерка учествувала во изборот за топ модел на Словачка, но се повлекла заради негодување од страна на нејзините родители.
Камила Џорџи
Италијанската тенисерка со потекло од Аргентина ова лето се искачи до 89-та позиција на ВТА листата. Добрата форма и совршениот облик на нејзиното дело е резултат на тренирањето ритмичка гимнастика.
Олга Пучкова
Русинката Пучкова во 2007-та година стигна до 32-та позиција на ВТА листата, но од тогаш повеќе е фокусирана на сликање за машки списанија, па падна на 97-та позиција.
Стефанија Кјепа
Италијанката Кјепа е позната во целиот свет, но сигурно не заради успехот во тениската кариера каде највисоко стигна до 359-та позиција на ВТА листата.
Ализ Лим
Француската тенисерка никогаш во кариерата не била помеѓу најдобрите 200, но отсекогаш е помеѓу најубавите 20 тенисерки.
Ани Вангелова
Е за оваа слушнале само нејзините дома и нашиот тениски експерт од Битола. Бугарката Ани која тренира во Белград се наоѓа на 1123-та позиција на ВТА листата.