Во сезоната 2004/05, Лионел Меси беше само едно скромно 17-годишно момче кое штотуку доби шанса во првиот тим на Барселона. Тивок и срамежлив како и секогаш, тој ја почитувал хиерархијата и решил да учи од најдобрите. Во тоа време главни во тимот на Франк Рајкард беа Роналдињо и Деко.
Меси го следел секој нивни потег на тренинзите, а со текот на времето тој станал добар пријател со Бразилците, а посебно се зближил со Деко. Тој останувал по завршувањето на тренинзите за да тренира шутирање на слободни удари со Роналдињо и да ги вежба долгите додавања со Деко.
Нивната тајна? Тие тренирале со боси нозе!
Овие вежби му помогнале на Меси да го оформи стапалото за шутирање по прекини. Многу често тој и го предизвикувал Роналдињо да се натпреваруваат во тоа кој ќе постигне повеќе голови од слободен удар со шут без копачка.
Токму затоа, со преземањето на тимот од страна на Гвардиола и Виланова, Меси не само што доби голема слобода на теренот, туку тој доби и дозвола чести да ги изведува слободните удари - обврска која претходно беше резервирана за Роналдињо, Чави, а понекогаш и Ето.