Offside

Вечерва и утре вечер се играат првите натпревари од баражот за влез во Лига на шампиони, последно квалификациско скалило пред сонуваната елита. Реваншите се на 25-ти и 26-ти август.

Драхма или евро пред елиминација од ЕУРО 2012?

За време на Европското првенство освен добар фудбал ќе имаме и огромна понуда на стандардни, но и невообичаени кладби во обложувалниците каде можете да вложите пари на тоа дали Грција прво ќе испадне од ЕУРО 2012 или Еврозоната?

Грците го бојкотираа Антиќ со македонското знаме

Ниту еден грчки медиум не се осмели да ги прикаже снимките од Перо Антиќ кој даваше изјави со македонското знаме на себе. Во изјава за српскиот канал Спорт Клуб, капитенот на кошаркарската репрезентација го посвети освоениот трофеј од Евролигата на цела Македонија и потврди дека бил приморан да каже „ФИРОМ“ во телевизиските најави пред натпреварите.

Најголемите промашувања на сезоната

Во сезоната 2011/12 се изнагледавме прекрасни голови, но и многу големи промашувања. Погледнете ги видеата од неколкуте најголеми промашувања во европските лиги и пишете ни го вашиот фаворит или некој друг предлог „утка" во коментарите.

Жестока ноќ во Мајами

Атмосферата на дуелите помеѓу Мајами и Индијана дојде до точка на вриење и на вчерашниот натпревар беа досудени три намерни лични грешки за груби фаули.

Кариера како на филм

Се исполни сонот на аматерски фудбалер од Зимбабве кој до минатата година дома сам си го перел дресот играјќи за клуб од петтата лига, а оваа сезона стигна до англискиот Чемпионшип.

Трансформацијата на Стејплс центарот

Работниците во Стејплс центарот во Лос Анџелес беа на тешки маки деновиве затоа што три екипи во два спорта одиграа шест натпревари за четири дена.

Да се биде како Нејмар

Либанецот Мохамед Гадар даде еден гол во финалето на малезискиот куп и си помисли дека е Нејмар. Зборот „смешно" е премалку за да се опише неговиот обид.

Идиот на денот

Чилеански фудбалер Џовани Нарваез од екипата на Депортес Антофагаста полуде откако тренерот реши да го извади од игра во 36-та минута од натпреварот.

Навивачите на Баерн го исвиркаа Робен

Арјен Робен со репрезентацијата на Холандија одигра пријателски натпревар против Баерн Минхен и беше исвиркан од своите навивачи.

Откриен рецептот за успешно изведување пенали

Група фудбалски аналитичари направија истражување кое најверојатно тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес го немал прочитано, па затоа Петр Чех им ги „прочита" пеналите на финалето од Лигата на шампиони.

Финале од мој агол

Да се разбереме, гајле ми за Челси, ама дедо ми не се акаше по планина за да можам ја за Швабо денес да навијам. А башка и нема ништо послатко у спорт од тоа да ги гледаш германците како губат. Свечено одлучив дека за пола ден сум фан на Челси... пут под ноге накај стадион...

Топлес напад на ЕУРО 2012

Познатите украински топлес активистки од организацијата „Фемен“ по втор пат го нападнаа пехарот на Европското првенство.

Трилер ол стар

Екипата составена од ветераните на филипинската лига изведоа одлична „Трилер" кореографија во стилот на Мајкл Џексон пред почетокот на нивниот ол стар натпревар.

Неверојатниот шут на Вестбрук

Оклахома Сити Тандер ги елиминираа ЛА Лејкерси и се пласираа во финалето на Западот. Најзаслужен за пресвртот во третата четвртина беше Расел Вестбрук по што домаќините фуриозно продолжија и на крајот победија со 106:90.

Малерот на Баерн

Германските медиуми и навивачите на Баерн Минхен се уште не можат да се помират со фактот дека го загубија финалето, па сега го обвинуваат Анатолиј Тимошчук дека им донел малер затоа што пред натпреварот го допрел трофејот.

Грдите пајчиња посилни од милионите на ПСЖ

Во битката на Давид и Голијат, малиот француски клуб Мопеље со инвестиција од само два милиони евра ги победи катарските милиони на ПСЖ.

Платини контра Блатер и технологијата

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини го потврди својот став со кој тој се спротиставува на воведување на нови технологии во фудбалот и се надева дека Блатер ќе го промени своето мислење.

Балотели на бербер

Марио Балотели е дел од новата реклама на Најки со фризурите на Роналдињо, Нејмар, Роналдо и Валдерама.

Тапкарошите најитри на ЕУРО 2012

Полска и Украина се подготвени да ги пречекаат навивачите, а најмногу на ова Европско првенство му се израдуваа препродавачите на влезници, угостителите и проститутките. Тапкарошите нудат „гратис“ билет за 1.480 евра.

Најбизарната реклама за ЕУРО 2012

На Европското првенство ќе се води војна на терените, но Кинезите малку претерале со нивната реклама во која Биг Бен, Ајфеловата кула и Колосеумот во Рим се бомбардирани, а војници пукаат во фудбалери за време на натпревар.

Голман акробат

Голманот на камерунската репрезентација ги покажа своите акробатски способности на натпреварот против Египет.

Иниеста со најдобар гол во Лигата на шампиони

Оваа сезона се изнагледавме убави голови во Лигата на шампиони, но според УЕФА, најубав е голот на Андрес Иниеста против Викторија Плзен.

Четврта куп титула во серија за Пандев

Горан Пандев е претплатен на пехарите од италијанскиот куп. По триумфот со Лацио во 2009-та и пехарите со Интер во 2010-та и 2011-та, Пандев и во 2012-та година со екипата на Наполи го освои Купот на Италија.