Offside

Корентин Муте од Франција, кој е 57-ми на АТП, сака да ви покаже нешто на мрежа. Кој би рекол а?

Голман акробат

Голманот на камерунската репрезентација ги покажа своите акробатски способности на натпреварот против Египет.

Иниеста со најдобар гол во Лигата на шампиони

Оваа сезона се изнагледавме убави голови во Лигата на шампиони, но според УЕФА, најубав е голот на Андрес Иниеста против Викторија Плзен.

Четврта куп титула во серија за Пандев

Горан Пандев е претплатен на пехарите од италијанскиот куп. По триумфот со Лацио во 2009-та и пехарите со Интер во 2010-та и 2011-та, Пандев и во 2012-та година со екипата на Наполи го освои Купот на Италија.

Ракометниот куп за Вардар

По триумфот во регионалната СЕХА лига, ракометарите на Вардар Про го победија Металург и во финалето на Купот на Македонија и го освоија трофејот од ова натпреварување по пауза од четири години.

Фалкао повторно блеска

Колумбискиот „тигар“ Радамел Фалкао не престанува да го воодушевува фудбалскиот свет.

Челси на тронот на Европа

Екипата на Челси е новиот шампион на Европа откако на 57-то финале на најелитното клупско натпреварување, Англичаните беа поуспешни од Баерн Минхен по изведување на пенали и ја освоија својата прва европска титула.

Баерн по петти или Челси по прв пат?

Конечно, дојде денот кога најпрестижното клупско фудбалско натпреварување ќе го добие својот нов шампион. Баерн Минхен и Челси ќе се борат за европскиот трон во финалето на Лигата на шампиони.

Сите ќе профитираат од финалето во Минхен

Градот домаќин на финалето од Лигата на шампиони помеѓу Баерн Минхен и Челси ќе се офајди за околу 50 милиони евра, а единствено во зијан ќе отидат навивачите кои немаат влезници и својата среќа ќе си ја пробаат кај тапкарошите.

НБА кореографија

Атмосферата на натпреварите во НБА е далеку од онаа во Европа, но понекогаш и тие знаат да бидат креативни.

Шпанија најскапа на ЕУРО 2012

Помеѓу 16-те учесници на Европското фудбалско првенство кое ќе се одржи во Полска и Украина, најскап е тимот на Шпанија чија вкупна вредност изнесува 641 милиони евра.

Вејд му се истури на тренерот

Двејн Вејд имаше лош ден при поразот на Мајами од Индијана, а тој својот бес го истури на тренерот Ерик Сполстра.

Ламата типуваше на Челси

Октоподот Пол се реинкарнираше во лама и типуваше на екипата на Челси.

Англиски тренер никогаш не ја освоил Премиер лигата

Од основањето на Премиер лигата пред 20 години, ниту еден тренер Англичанец не го подигнал трофејот предводејќи го шампионскиот тим на оваа земја.

Германската полиција на маки пред финалето

Минхенската полиција ќе има огромни проблеми за да ги спречи планираните крвави тепачки помеѓу навивачите на Баерн Минхен и Челси за време на финалето од Лигата на шампиони.

Баерн-Челси ќе руши рекорди во гледаност

Финалето од Лигата на шампиони помеѓу Баерн Минхен и Челси ќе го проследат над 300 милиони гледачи со што ќе се постави нов рекорд за најгледан клупски натпревар во светот.

Како може да не утнеш?!

При вакво одвлекување на вниманието Кевин Гарнет успеа да не поврати и ги погоди двете слободни фрлања.

Харден му врати на Мета Ворлд Пис

Лакт за лакт. Џејмс Харден му врати на кошаркарот во минатото познат како Рон Артест.

Жртва на фотошоп

Кошаркарот на Жалгирис, Робертас Јавтокас е најновата жртва на фотошопџиите.

Еден факел, 8.000 носачи, 70 обезбедувачи

Факелот за Олимписките игри во Лондон ќе помине 12.875 километри, ќе го носат 8.000 луѓе, а ќе биде обезбедуван од 70 специјалци.

Волеј на денот

Ерик Хасли од екипата на Ванкувер на првиот финален натпревар од канадската лига против Торонто ја скина мрежата со прекрасен гол со волеј удар во 91-та минута.

Кралот Кени доби шут-карта од Ливерпул

Заврши уште една ера на Кени Далглиш во Ливерпул. Американските сопственици конечно собраа храброст и му врачија отказ на ливерпуловата икона.

Спонзорски Шек

Четири-кратниот НБА шампион Шекил О'нил заработи многу од кошарката, но и МНОГУ повеќе надвор од терените. Како изгледа Шек нацртан од брендовите и продуктите кои тој ги рекламира.