Според Манчестер Јунајтед, тие минатата сезона продале над 2 милиони дресови, но официјалната бројка од нивниот производител е помала.
Екипите на Манчестер Јунајтед (Најк) и Реал Мадрид (Адидас) во изминатите пет години продавале по 1,4 милиони дресови во просек секоја година.
Според продадените дресови од сезоната 2007/08 до 2011/12, на третото место е Барселона со 1,15 милиони дресови во просек секоја година. Следи актуелниот европски шампион Челси со 910.000, а на 5-та позиција е вице-шампионот Баерн Минхен со 880.000.
Во Топ 10 продавачи на дресови се и Ливерпул (810.000), Арсенал (800.000), Јувентус (480.000), Интер (425.000) и Милан (350.000).
Актуелниот англиски шампион, екипата на Манчестер Сити во просек во последните пет години продава по 175.000 дресови и тие се дури на 17-та позиција споредено со останатите европски клубови.