Утрински ритуал на шампионите: урина наместо кафе

Тренерите и докторите тврдат дека начинот на исхрана е еден од најважните фактори за добрата форма, но во тоа не се согласуваат некои спортисти. Ова се најчудните начини на исхрана кај спортистите.

За време на Олимписките игри во Пекинг во 2008-та година, пливачот Рајан Лохте се хранел исклучиво во Мекдоналдс. Тој таму доручкувал, ручал и вечерал и внесувал од 8.000 до 10.000 калории дневно. Сепак овој нездрав начин на исхрана не го спречи Лохти да освои четири златни медали на оваа Олимпијада.

Шампионската исхрана на Мајкл Фелпс се состои од 12.000 калории дневно, односно шест пати повеќе од секој нормален човек. Помеѓу другото, тој за доручек јаде 8 јајца и 3 чоколадни палачинки, за ручек јаде тестенини и два големи сендвичи со шунка, кашкавал и мајонез, а за вечера јаде килограм тестенини и пица.

Рагбистот од НФЛ лигата, Чад Очосинко исто така го обожава Мекдоналдс. Слично како Лохти и за него често пати трите главни оброци се хамбургери.

„Нека не ве убедуваат дека храната од Мекдоналдс била штетна. Јадете што сакате, но и тренирајте правилно, па немате нема да имате проблем", тврди Очосинко.

Легендарниот безбол играч на Њујорк Јенкис, Бејб Рут бил познат по неговата рутина која се состоела од три хот-дога пред натпревар, а секое утро се расонувал со едно виски.

На Ламар Одом од ЛА Клиперс никогаш не му е доста од бонбони. Тој јаде по 4-5 пакетчиња чоколадни бонбони секој ден, а често се буди и ноќно време и не може да заспие ако не изеде неколку бонбончиња.

Зависник од бонбончиња е и рагбистот Маршон Линч кој ги конзумира и за време на натпревар.

Бразилскиот UFC шампион Лиото Мачида секое утро си ја пие својата урина. Тој оваа рутина ја научил од татко му кој потекнува од Јапонија и е поранешен карате шампион. Тие тврдат пиењето урина е како вакцина и има лековито дејство.

9 октомври 2012 - 09:39