Offside

Златната топка од 2024-та го затвори богатото поглавје со Манчестер Сити, тешко 13 трофеи во 7 сезони. Отвора ново, повторно во клуб за кој само трофеите се опција. Барселона.

Кралот Кени доби шут-карта од Ливерпул

Заврши уште една ера на Кени Далглиш во Ливерпул. Американските сопственици конечно собраа храброст и му врачија отказ на ливерпуловата икона.

Спонзорски Шек

Четири-кратниот НБА шампион Шекил О'нил заработи многу од кошарката, но и МНОГУ повеќе надвор од терените. Како изгледа Шек нацртан од брендовите и продуктите кои тој ги рекламира.

Што ќе правеа Реал и Барса без Роналдо и Меси?

Како би изгледала табелата на шпанската Примера без учинокот од 96 гола и 33 асистенции на Кристијано Роналдо и Лионел Меси за Реал Мадрид и Барселона?

Баерн - Челси (инфографик)

Скоро сè што треба да знаете пред финалето на Лигата на шампиони помеѓу Баерн Минхен и Челси, во еден инфографик.

Панкерите се вратија во Бундеслигата

Фортуна Дизелдорф, клубот кој во минатото беше спонзориран од панк бендот Die Toten Hosen, се врати во германската елита по пауза од 15 години откако по плеј-оф драмата на која последните две минути се доигруваа половина час, ја испратија Херта Берлин во втората лига.

Агуеро им направи зијан на обложувалниците

Голот на Серхио Агуеро со кој Манчестер Сити ја освои титулата, ги „ошури" британските обложувалници и за нив тоа е најскапиот гол во историјата на Премиер лигата.

Легендите од Олд Трафорд најдобри во Премиер лигата

Како мала утеха за загубената титула која им отиде во рацете на најголемите ривали, Рајан Гигс и Алекс Фергусон ги добија наградите за најдобар фудбалер и најдобар менаџер од основањето на Премиер лигата.

Не плачи тато

Емотивна сцена од холандското првенство го обиколи светот. По испаѓањето од лигата на Де Графшап, ќеркичката се обиде да го утеши нејзиниот татко, Роџер Мејер.

12-ти играч

Аргентински фудбалски клуб доби помош од 12-ти играч откако резервниот голман влезе натерен и спаси гол.

Имало помизерно куп финале и од нашето

Словачката фудбалска асоцијација и стана силен конкурент на ФФМ во борбата за избор на најмизерно организирано финале на национален фудбалски куп.

Идеалниот тим на Премиер лигата на сите времиња

Како дел од одбележувањето на јубилејот од 20 годишнината на Премиер лигата, Англичаните го избраа идеалниот тим на сите времиња.

Најужасното фрлање на сите времиња

Позната пејачка од Кореја стана славна во целиот свет, но не по нејзиното пеење. Девојчето ја имаше таа честа да го фрли првото топче на безбол натпревар и навистина се прослави.

Масовна лакрос тепачка

Лакрос е чуден спорт со гумено топче и стап на кој има мрежа, но тоа не е важно. И онака ве интересира само тепачката. Погледнете како младинците на две канадски екипи поштено се измлатија.

Златниот Лионел Меси

Реал Мадрид ја прекина доминацијата на Барселона, но Кристијано Роналдо не успеа да го повтори неговиот успех од минатата година. Со 50 погодоци во шпанската Примера, Лионел Меси ја освои „Златната копачка" за најдобар стрелец во Европа.

Живата легенда на Јувентус се збогуваше со клубот

Недела, 13 мај 2012 беше тажен ден за навивачите на Јувентус, но и за сите други вљубеници во фудбалот. Серија А се раздели со една своја жива легенда. Алесандро Дел Пјеро се симна од фудбалската сцена во Италија.

Тошак ја подмладува репрезентацијата

За претстојните пријателски натпревари против Португалија и Ангола, селекторот на македонската репрезентација, Џон Тошак повика шест фудбалери од младинската репрезентација, како и најдобриот стрелец од македонската Прва лига.

Коби го „измести“ Галинари

Или што би рекле на маалски кош „Коби го прати Галинари по бурек"

Фер плеј на годината

Норвешките клубови Лилестром и Бран оваа сезона ќе водат голема меѓусебна битка за опстанок, но сепак не заборавија на фер-плејот.

Моментот кога Јунајтед ја загуби титулата

Навивачите на Манчестер Јунајтед започнаа да ја прославуваат титулата но...

Торино ги поздрави своите шампиони

400.000 навивачи на Јувентус излегоа на улиците на Торино за да ги поздрават своите фудбалери кои оваа сезона поставија нови стандарди во италијанскиот фудбал, освојувајќи ја титулата без пораз по 38 одиграни кола.

Голфот е опасен спорт

Американците немаат проблеми со хулигани на фудбалските стадиони, така што најопасно е да бидеш гледач на голф терен.

Антиќ ја прослави титулата со македонско знаме

Европскиот шампион, Перо Антиќ и капитенот на Олимпијакос, Василис Спанулус ја прославија титулата со македонското знаме.

Гол со финта

Фудбалерите на израелскиот клуб Хапоел Ранана изведоа добар трик со кој им го свртеа вниманието на противничките фудбалери и им дадоа гол од слободен удар.

Пожар го расипа славјето на Вилијамс

Славјето на тимот Вилијамс беше нарушено со пожарот во нивната гаража во кој беа повредени 16 луѓе.