Ибериско дерби во Лигата на шампиони

Во најинтересниот дуел од денешните натпревари во Лигата на шампиони, Бенфика ја пречекува Барселона, а кога и да се сретнале овие две екипи во минатото, поуспешниот на крајот од сезоната секогаш го подигал шампионскиот трофеј.

Бенфика и Барселона немаат одиграно многу меѓусебни дуели, но кога и да се сретнат, тоа се историски натпревари. Причината за овој заклучок е тоа што поуспешниот од нивните меѓусебни дуели во минатото секогаш ја освојува шампионската титула од најелитното европско клупско натпреварување на крајот од сезоната.

Во 1961-та година овие две екипи се сретнаа во финалето во Берн, а Бенфика победи со 2:1.

Барселона ја освои шампионската титула во 1992-та година, а во групната фаза на домашен терен ја победи Бенфика со 2:1, а во Лисабон натпреварот заврши без голови.

Следната титула во Лигата на шампиони Барселона ја освои во 2006-та година, а во четвртфиналето тие ја елиминираа Бенфика со 0:0 во Лисабон и победа од 2:0 во Барселона.

Бенфика на овој натпревар треба да се бори и против традицијата која трае 30 години во кои тие немаат победено ниту еден шпански тим.

Интересно ќе биде и во групата Е каде Јувентус ќе го одигра првиот натпревар од Лигата на шампиони на својот нов стадион, а актуелниот европски шампион, Челси ќе атакува на првата победа кај аутсајдерот Нордсјеланд.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2. КОЛО

вторник, 20.45:
Група Е:
Јувентус - Шахтјор
Нордсјеланд - Челси
ТАБЕЛА: Шахтјор 3, Јувентус 1, Челси 1, Нордсјеланд 0

Група Ф:
Валенсија - Лил
БАТЕ Борисов - Баерн Минхен
ТАБЕЛА: Бате Борисов 3, Баерн 3, Валенсија 0, Лил 0

Група Г:
Спартак Москва - Селтик (18ч)
Бенфика - Барселона
ТАБЕЛА: Барселона 3, Бенфика 1, Селтик 1, Спартак 0

Група Х:
Клуж - Манчестер Јунајтед
Галатасарај - Брага
ТАБЕЛА: Клуж 3, Манчестер Јунајтед 3, Брага 0, Галатасарај 0

Биди дел од Offside лигата на Fantasy Football играта на УЕФА. Направи свој тим и покажи колку се разбираш во фудбал. За повеќе информации клик тука.

2 октомври 2012 - 12:23