Сити извлече бод со Дортмунд

Во дуелот на англискиот и германскиот шампион, Манчестер Сити среќно извлече бод со гол од пенал во последен момент. Реал со хет-трик на Роналдо славеше кај Ајакс, а победија и Арсенал, Малага, Порто и Милан.

Роберто Манчини треба да биде пресреќен што неговиот Манчестер Сити извади бод од натпреварот со Борусија Дортмунд. Гостите креираа многу шанси пред голот на Харт и имаа водство до 89-та минута кога Балотели израмни од пенал.

Реал Мадрид и Кристијано Роналдо уште еднаш покажаа дека се во топ форма пред Ел Класико дербито кое ќе се одигра овој викенд. Кралевите триумфираа на гостувањето кај Ајакс со 1:4, а најзаслужен за оваа победа е Кристијано Роналдо кој реализираше хет-трик.

Катарскиоте милиони повторно не проработеа. Порто славеше минимална, но заслужена победа над ПСЖ со голот на Родригез на седум минути пред крајот.

Во дуелот на „Динамовците", украинскиот претставник не се намачи премногу и ги победи гостите од Загреб со 2:0.

Арсенал се мачеше против Олимпијакос во првиот дел, но во второто полувреме тие играа поангажирано и победија со 3:1.

Шалке имаше играч повеќе и водство од 2:1, но Монпеље сепак успеа да израмни во 90-та минута.

На првиот денешен натпревар Милан со помош на одбраните на Абијати и автоголот на Хубочан успеа да стигне до важни три поени од гостувањето кај Зенит.

Шпанска Малага продолжува да импресионира. По триумфот над Зенит во првото коло, тие денес славеа со 0:3 во Белгија кај Андерлехт.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 2. КОЛО:

Група А:
Порто – ПСЖ 1:0 (0:0)
Родригез 83

Динамо Киев – Динамо Загреб 2:0 (2:0)
Хусев 3, Пивариќ 33аг

Група Б:
Арсенал – Олимпијакос 3:1 (1:1)
Жервињо 42, Подолски 56, Рамзи 94 - Митроглу 45

Шалке – Монпеље 2:2 (1:1)
Дракслер 26, Хунтелар 53пен - Аит Фана 13, Камара 90

Група Ц:
Зенит – Милан 2:3 (0:2)
Хулк 45, Широков 48 - Емануелсон 13, Ел Шарави 16, Хубочан 75аг

Андерлехт – Малага 0:3 (0:1)
Елисеу 45, 63, Санчез 56пен

Група Д:
Ајакс – Реал Мадрид 1:4 (0:1)
Моисандер 56 - Роналдо 42, 79, 81, Бензема 48

Манчестер Сити – Борусија Дортмунд 1:1 (0:0)
Балотели 90пен - Ројс 62

3 октомври 2012 - 23:43