Андреа Масиело кој минатата година играше за Аталанта, во 2010-та година го носеше дресот на Бари кој пред крајот на сезоната веќе беше испаднат од Серија А.
На екипата на Лече и беше потребна победа за опстанок и успеаја да ја победат екипата на Бари со 2:0, а еден од головите беше автогол од страна на Масиело.
Тој призна дека намерно постигнал автогол, и со судот се нагоди за условна затворска казна. Италијанските медиуми пренесуваат дека за овој автогол бил поткупен со 180.000 евра.
Заради овој наместен натпревар Бари оваа сезона во Серија Б ја започна со минус седум поени, а екипата на Лече беше исфрлена во трета лига.