Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Фудбал со две топки

Во Финска најверојатно ги сменија фудбалските правила и таму се игра фудбал со две топки на терен. При водство на Хака од 2:0, тимот на ХЈК постигна гол кој судијата го призна и покрај тоа што на теренот имаше две топки. Натпреварот заврши со резултат 2:2.

Касано: „Во Интер ми се оствари сонот“

Антонио Касано повторно ја разбранува Италија. Контроверзниот напаѓач во интервју за италијанска ТВ станица говореше за проблемите во Милан, односите со Галијани и Алегри, потпишувањето за Интер, но и се покаја за конфликтите со Капело и претседателот на Сампдорија.

Ѓоковиќ прв по заработка

Новак Ѓоковиќ го загуби лидерското место на АТП листата, но и натаму е прв според заработка во 2012-та година. Оваа година тој има заработено 700.000 долари повеќе од моментално првиот светски рекет, Роџер Федерер.

Бразил од 1970 е најдобриот тим на сите времиња

По успехот на Шпанија во последните четири години, многумина констатираа дека тоа е најдобриот тим на сите времиња. Но постарите генерации не се согласуваат со оваа констатација. За нив тоа е генерацијата на Пеле која го освои Светското првенство во 1970-та година.

Гангам Ноле

"Gangam style"-манијата го зафати и Новак Ѓоковиќ па тој ги покажа своите „шоуменски" способности и пред публиката на турнирот во Тајван.

Новиот Сантјаго Бернабеу

Реал Мадрид ги презентираше четирите проекти кои се во конкуренција за изгледот на новиот изглед на стадионот Сантјаго Бернабеу.

Низ нозе X3

Членовите на фудбалската репрезентација на Србија за играчи до 17 години изведоа добро истрениран трик на квалификацискиот натпревар против нивните врсници од Молдавија.

Штета за пивото

Нема е проблем што човекот доби рагби топка во глава. Тој си е во ред и си се смее. Проблемот е што се истурија две пива!

Историски натпревар во хрватска 5-та лига

Во петтолигашки спектакл пред 4.000 гледачи, Вартекс, клубот кој го оформија незадоволни навивачи, го победи Вараждин, клубот за кој што тие порано навиваа.

Анри ја потврди класата

Тиери Анри веќе има 35 години, но тој се уште е во врвна форма. Тоа го потврди и на последниот натпревар за Њу Јорк Ред Булс при победата од 4:1 над Торонто, каде Анри асистираше на три и постигна еден прекрасен гол.

Русите згрешија со пресметките

Русија планира да потроши 20 милијарди долари за организација на Светското првенство во 2018-та година што е скоро двојно повеќе од сумата која ја имаше испланирано Путин пред две години.

Евроголот на Миколи

Капитенот на Палермо постигна хет-трик при победата од 4:1 над Киево, а последниот негов гол беше вистинско ремек-дело од 40 метри.

Интер го разби малерот на Џузепе Меаца

По три порази и две нерешени, Интер конечно ги израдува и домашните навивачи и славеше со 2:1 над Фиорентина на стадионот Џузепе Меаца.

Моќен Реал го прегази Депортиво

Реал Мадрид ја покажа својата моќ на една недела пред големото Ел Класико дерби против Барселона. Во шестото коло од шпанската Примера, Депортиво Ла Коруња повед повед во Мадрид, но потоа прими пет гола од расположените домаќини.

Гол на сезоната?

Мартин Јиранек од Терек Грозни постигна „голчиште" на кој би позавидил и Роберто Карлос и се вброи помеѓу главните кандидати за гол на сезоната.

Шок на Олд Трафорд, лондонското дерби за Челси

Прв пат по пауза од 23 години екипата на Тотенхем успеа да слави на теренот на Манчестер Јунајтед. На лондонското дерби Челси триумфираше на гостувањето кај Арсенал, на гостински терен славеше и Манчестер Сити, а конечно победи и Ливерпул.

„Големата“ Цибона на колена пред МЗТ

Македонскиот кошаркарски шампион не покажа никаков респект за поранешниот двократен европски и 17-кратен шампион на Хрватска. МЗТ Скопје го приреди најголемото изненадување на стартот од АБА лигата совладувајќи ја Цибона среде Загреб со 72:77.

Голови на неделата

Оваа недела помеѓу изборот на најдобрите 10 голови во изминатите 7 денови се најдоа мајсториите на Погребњак, Кваљарела, Ѕагоев, Рекоба...

Јадранската лига започна со тензии и инциденти

Одиграни се првите два натпревари од новата сезона на регионалната кошарскарска лига, а на стартот веднаш инциденти. Што ли ќе се случуваше ако беше дозволено присуство на гостински навивачи?

МЗТ во лов на фаворитите од АБА лигата

Стартува 12-та сезона на регионалната кошаркарска лига, а за прв пат во неа и еден македонски претставник. Екипата на МЗТ Скопје ќе се обиде да ги изненади фаворитите во до сега најсилната и најнеизвесната сезона на Јадранската лига.

Страшен рагби нокаут

Џош Крибс, членот на Кливленд Браунс беше нокаутиран во „сендвич" од двајца противнички играчи. Целата ситуација изгледаше многу страшно, а останатите играчи почнаа да се молат, но за среќа по неколку минути тој успеа да стане.

Тренерот на Јувентус обвинет за убиство

Нема крај на проблемите на Јувентус. Заменикот на Антонио Конте, привремениот тренер Масимо Карера е обвинета за убиство без умисла, односно предизвикување сообраќајна несреќа со фатални последици.

Полските хулигани станаа геј икони

Сликите на разголени мускулести ултраси, припадници на една од најозлогласените навивачки групи во Европа, наместо да шират страв станаа рај за очи и хит на вебстраните за хомосексуалци.