Откако Антонио Конте заработи суспензија од 10 месеци заради учество во скандалот со наместени натпревари, сега во неволја се најде и неговиот заменик Масимо Карера.
Несреќата се случи на последниот ден од 2011-та година кога на еден автопат во Италија се судриле три автомобили, а на нив потоа со огромна брзина налетал Масимо Карера со својот Мерцедес. 23-годишна девојка починала на самото место, а нејзина врсничка им подлегнала на повредите во болница.
Адвокатите на Карера тврдат дека осветлувањето на тој дел од автопатот било многу лошо, но обвинителите тврдат дека тој сепак требал да забележи дека автомобилите пред него не се во движење и несреќата можела да се избегне.
Карера побара сослушувањето да се одработи по забрзана постапка и се очекува пресудата да биде донесена на 9. октомври.