Некогаш познатиот фудбалскиот клуб чиј најголем успех е пласманот во финалето на Купот на Маршалот Тито кога во 1961-та Вардар ја освои единствената титулата од ова натпреварување, во моментов се натпреварува во втората регионална вараждинска лига, односно 5-та по ранг лига во Хрватска.
Во 2010-та година управата на клубот реши да го промени името на клубот во НК Вараждин, но оваа одлука не им се допадна на навивачите и тие решија да си оформат свој клуб со старото име - Вартекс.
Во меѓувреме Вараждин влезе во финансиски проблеми и по стечајната постапка, тие беа префрлени во петтата хрватска лига, односно втора регионална вараждинска лига - исток, во истата лига со Вартекс, клубот оформен од незадоволните навивачи.
Долгоочекуваното дерби се одигра викендов во рамките на 7. коло. Над 4.000 гледачи го проследија натпреварот кој се одигра под рефлектори и атмосфера на која можат да позавидат многу прволигаши од Македонија.
Натпреварот го доби Вартекс, клубот на навивачите, кој го победи Вараждин, клубот за кој што тие порано навиваа, со 2:1 и со оваа победа тие се искачија на првото место на табелата.