Јадранската лига започна со тензии и инциденти

Одиграни се првите два натпревари од новата сезона на регионалната кошарскарска лига, а на стартот веднаш инциденти. Што ли ќе се случуваше ако беше дозволено присуство на гостински навивачи?

Партизан се намачи со Задар и со пресврт во последната четвртина славеше со 81:74, но натпреварот ќе остана запаметен и по тензиите.

Во третата четвртина од натпреварот при водство на гостите, тренерот на Партизан, Душко Вујошевиќ заработи втора техничка грешка и мораше да го напушти паркетот.

По расправиите на Вујошевиќ со судиите, публиката започна да ги гаѓа гостинските кошаркари со секакви предмети и тие беа приморани да се засолнат во соблекувалните.

Страстите се смирија по пет минути и тие се вратија на паркетот по што натпреварот продолжи.

На првиот натпревар Широки загуби на домашен терен од Игокеа со 63:69.

АБА ЛИГА - 1. коло:

петок:
Широки – Игокеа 63:69
Партизан – Задар 81:74

сабота:
17.00 Раднички – Олимпија
20.00 Будуќност – Цедевита
20.30 Цибона – МЗТ Скопје
21.00 Сплит – Црвена Звезда

недела:
18.00 Крка – Солнок

 

29 септември 2012 - 00:36