Русите згрешија со пресметките

Русија планира да потроши 20 милијарди долари за организација на Светското првенство во 2018-та година што е скоро двојно повеќе од сумата која ја имаше испланирано Путин пред две години.

Откако во саботата ФИФА ги отфрли Краснодар и Јарослав од списокот на домаќини, комплетирана е листата со 11 градови на чии стадиони ќе се одиграат натпреварите на Светското првенство во 2018-та година.

Москва ќе биде домаќин со два стадиони, а останатите натпревари ќе се одиграат во Сочи, Екатеринбург, Казањ, Нижни Новгород, Санкт Петерсбург, Ростов, Самара, Калининград, Волгоград и Саранск.

Целата организација на првенството ќе ги чини русите околу 19,23 милијарди долари, што е скоро за двојно повеќе од сумата која ја испланираше Владимир Путин кога Русија ја доби кандидатурата во 2010-та година.

Но тоа не е се. Оваа сума не е конечна и може да се зголеми.

Ова не се конечни бројки. Пет стадиони се уште се градат, а ниту еден град не е подготвен", изјави Витали Мутко, рускиот министер за спорт.

1 октомври 2012 - 09:28