Интер го разби малерот на Џузепе Меаца

По три порази и две нерешени, Интер конечно ги израдува и домашните навивачи и славеше со 2:1 над Фиорентина на стадионот Џузепе Меаца.

Интер го урна проклетството на Џузепе Меаца. По поразите од Хајдук, Рома и Сиена и нерешените со Васлуи и Рубин, екипата на Интер конечно победи на домашен терен во новата сезона.

Тие поведоа во 17-та минута кога Родригез играше со рака во својот шестнаесетник, а пеналот успешно го изведе Диего Милито.

По неколку пропуштени шанси, Интер го зголеми водството во 34-та минута кога Касано прими топка по левата страна и искусно го совлада Вивијан за 2:0.

Пет минути пред крајот на првиот дел Фиорентина намали со голот на Ромул кој го совлада Хандановиќ со удар со глава.

Фудбалерот кој го направи пеналот за првиот гол, Гонзало Родригез во 62-та минута заработи и втор жолт картон, по што Фиорентина остана со фудбалер помалку.

Тоа им одговараше на фудбалерите на Интер кои ја искористија спората игра и бројчаната предност и рутински си го задржаа водството до крајот на натпреварот.

СЕРИЈА А - 6. КОЛО

недела:
Интер - Фиорентина 2:1 (2:1)
Милито 17пен, Касано 34 – Ромуло 40

Удинезе - Џенова 0:0

Аталанта – Торино 1:5 (1:1)
Денис 28 – Бјанки 38пен, 76, Гаци 62, Стевановиќ 66, Д'Амброзио 73

Болоња – Катанија 3:0 (2:0)
Гваренте 19, Џилардино 40, 61

Каљари – Пескара 1:2 (0:0)
Пиниља 82 пен - Терлици 50, Вајс 76

Лацио – Сиена 2:1 (2:0)
Едерсон 17, Ледесма 38 пен – Паќи 90+1

Палермо – Киево 4:1 (1:1)
Миколи 13, 59, 82, Џорџи 80 - Ригони 28

Сампдорија – Наполи 0:1 (0:0)
Кавани 67 пен

сабота:
Парма - Милан 1:1 (0:0)
Галопа 66 - Ел Шарави 50

Јувентус - Рома 4:1 (3:0)
Пирло 11, Видал 16 пен, Матри 19, Џовинко 90 - Освалдо 69 пен

30 септември 2012 - 23:21