Моќен Реал го прегази Депортиво

Реал Мадрид ја покажа својата моќ на една недела пред големото Ел Класико дерби против Барселона. Во шестото коло од шпанската Примера, Депортиво Ла Коруња повед повед во Мадрид, но потоа прими пет гола од расположените домаќини.

Реал Мадрид и Барселона имаа одлично загревање за дербито кое ќе се одигра на 7 октомври. Вчера Барселона од 2:0 успеа да направи целосен пресврт и да триумфира со 2:3 на гостувањето кај Севиља, а денес Реал Мадрид славеше уште поголема победа со пресврт против Депортиво.

Први поведоа гостите со голот на Рики, но фудбалерите на Реал Мадрид не се растревожија премногу и веднаш ја презедоа контролата.

По големиот притисок кон голот на Депортиво, Ди Мариа беше соборен на работ од шестнаесетникот и судијата се одлучи за најстрогата казна, а успешен од белата точка беше Кристијано Роналдо.

По 15 минути Анхел ди Марија направи пресврт, а до полувремето Реал веќе водеше и со 3:1 со вториот гол на Роналдо.

Реал продолжи со иницијативата и во второто полувреме, а во 66-та минута во листата на стрелци се запиша и Пепе.

На овој натпревар за прв пат оваа сезона во игра влезе и Кака кој изнуди пенал во 84-та минута, а повторно сигурен реализатор беше Роналдо.

За Кристијано Роналдо ова беше гол број 155 на 153 одиграни натпревари.

ПРИМЕРА – 6. КОЛО:

сабота:
Валенсија – Сарагоса 2:0 (1:0)
Фегули 12, Виера 59

Малага – Бетис 4:0 (2:0)
Хоакин 13, Савиола 28, Амаја 72 аг, Иско 74

Реал Сосиедад – Атлетик Билбао 2:0 (0:0)
Гризман 62, Вела 72 пен

Севиља – Барселона 2:3 (1:0)
Троховски 26, Негредо 48 - Фабрегас 53, 89, Вилја 90+3

недела:
Гранада – Селта 2:1 (2:1)

Сикеира 11 пен, Торје 17 - Аспас 20

Ваљадолид – Рајо Ваљекано 6:1
Буено 10, Гонкалвес 13, 86, Гонзалес 21, 56, Рукавина 37 – Домингес 5

Осасуна – Леванте 4:0 (0:0)
Арментерос 55, Ламах 82, Тимор 89, Нино 90

Реал Мадрид – Ла Коруња 5:1 (3:1)
Роналдо 23пен, 44, 84пен, Ди Марија 38, Пепе 66 – Рики 16

Еспањол – Атлетико Мадрид 0:1 (0:1)
Раул Гарсија 30

понеделник:
21.30 Хетафе - Мајорка

30 септември 2012 - 22:56