Во новиот натпреварувачки циклус ќе го нема шампионот од минатата година, израелскиот Макаби Тел Авив, но сегашните учесници засилени со многу ѕвезди ветуваат неизвесна и можеби најквалитетно издание на АБА лигата.
Кладилниците веруваат дека најголем фаворит за освојување на титулата оваа сезона е Партизан, но според буџетот главен кандидат е екипата на Цедевита која од вчера е засилена и за Владо Илиевски.
Според играчкиот кадар освен Партизан и Цедевита, кандидат за пласман на фајнал-фор турнирот е и Црвена Звезда, а фаворити од сенка се и Цибона, Раднички Крагуевац, Будуќност и Унион Олимпија.
За прв пат свои претставници ќе имаат Македонија и Унгарија, а токму нашиот претставник МЗТ Скопје и унгарскиот Солнок, заедно со Задар и Сплит се најголеми аутсајдери во лигата.
Челниците на МЗТ Скопје се свесни за можностите на екипата и не очекуваат спектакуларни резултати, но со поддршката на армијата навивачи на домашен терен можат да се изненадат и најголемите фаворити, па амбициите на клубот оваа сезона е пласманот на средината од табелата.
Како прв првотивник на дебито во АБА лигата, МЗТ Скопје го има 17-кратниот хрватски и двократен европски шампион, екипата на Цибона.
АБА ЛИГА - 1. коло:
петок:
18.00 Широки – Игокеа
20.00 Партизан – Задар
сабота:
17.00 Раднички – Олимпија
20.00 Будуќност – Цедевита
20.30 Цибона – МЗТ Скопје
21.00 Сплит – Црвена Звезда
недела:
18.00 Крка – Солнок