Ѓоковиќ прв по заработка

Новак Ѓоковиќ го загуби лидерското место на АТП листата, но и натаму е прв според заработка во 2012-та година. Оваа година тој има заработено 700.000 долари повеќе од моментално првиот светски рекет, Роџер Федерер.

На АТП листата води Роџер Федерер со 11.805 поени пред Новак Ѓоковиќ со 10.470 поени, но на листата на тенисери според заработка во 2012-та година ситуацијат е обратна.

Новак Ѓоковиќ има заработено 6.972.423 долари од наградните фондови на турнирите каде што настапувал оваа година. На второто место е Швајцарецот Роџер Федерер со 6.261.241 долари.

Рафаел Надал веќе подолго време е повреден, но тој сепак заработил повеќе од олимпискиот шампион и освојувачот на УС Опен, Енди Мареј.

Во конкуренција на тенисерки, најмногу има заработено Викторија Азаренка.

Тенисери:
1. Новак Ѓоковиќ 6.972.425 долари
2. Роџер Федерер 6.261.241
3. Рафаел Надал 4.997.448
4. Енди Мареј 4.295.110
5. Давид Ферер 2.555.891

Тенисерки:
1. Викторија Азаренка 6.068.920 долари
2. Серена Вилијамс 5.295.975
3. Марија Шарапова 4.994.296
4. Агњешка Радвањска 3.400.142
5. Сара Ерани 2.825.836

2 октомври 2012 - 09:04