Фудбалската репрезентација на Ирска ова лето настапуваше на Европското првенство кое се одржуваше во Полска и Украина, а домашните медиуми постојано се обидуваа да влеат страв помеѓу нивните навивачи.
Телевизиите правеа репортажи со снимки од инцидентите предизвикани од полските хулигани, а весниците и вебстраните беа преополни со слики од озлогласените ултраси.
Најчесто беа споменувани навивачите на Лех Познањ кои гласат за едни од најопасните навивачи во Европа. И додека сликите од оваа навивачка група влеаја страв кај многу фудбалски фанови од Ирска, за некои овие фотографии имаа поинаков ефект.
Сликите на разголени и мускулести момчиња со избричени глави станаа хит на ирските портали и форуми за хомосексуалци, а озлогласените полски хулигани станаа геј икони во Ирска.
Дел од коментарите на еден форум се:
Mmmmm ..... now they are the men of my dreams.
I would bang every one of these dudes.
What a difference a bit of baby oil would make.