По бројот на титулите Леброн Џејмс има да „јаде уште многу фурни леб" за да го достигне Мајкл Џордан, но минатата сезона тој се израмни со него по фактот што по Џордан, Леброн стана првиот кошаркар кој во една сезона успеа да освои шампионска титула во НБА, МВП титула во регуларниот дел и во плејоф, како и олимпиското злато.
Можеби токму тоа издание на Леброн во изминатата сезона го убеди Чарлс Баркли да поверува дека Леброн би можел да го достигне Џордан.
„Навистина верувам дека Леброн може да биде подобар од Џордан. Мислев дека никогаш нема да дојде моментот кога некој кошаркар ќе го споредам со Мајкл. Но тоа момче, Леброн Џејмс, ги поседува сите елементи да биде уште подобар. Мајкл беше сјаен, но Џејмс е поголем, побрз и посилен", изјави Баркли.