Нова сензација на БАТЕ, Јуве киксна на промоцијата

Белорускиот шампион кој во квалификациите го елиминираше Вардар, во второто коло го победи и Баерн Минхен. Јувентус само ремизираше на дебито на новиот стадион во Лигата на шампиони, а победи забележаа Челси, Манчестер Јунајтед и Барселона, но Пујол ја скрши раката.

Екипата која малку фалеше да биде елиминирана од Вардар во квалификациите, белорускиот шампион БАТЕ Борисов продолжува со сензационалните резултати во Лигата на шампиони. По победата на гостувањето кај Лил во првото коло, БАТЕ на домашен терен го преслуша Баерн Минхен.

На вториот натпревар од оваа група, Валенсија го победи Лил со двата гола на Жонас.

Актуелниот шампион Челси немаше поголеми проблеми на гостувањето кај дански Нордсјеланд. Хуан Мата постигна два, а Луиз и Рамирез по еден погодок во победата од 0:4.

Јувентус нема по добро да го памети првиот натпревар во Лигата на шампиони на својот нов стадион. Тие само ги поделија бодовите со Шахтјор.

Спартак Москва и Селтик одиграа натпревар со пет голови и два пресврти, а на крајот се радуваа гостите од Шкотска кои ја прославија својата прва победа на гостински терен во Лигата на шампиони.

Барселона можеби забележа историска победа над Бенфика во Лисабон, но оваа победа ја платија многу скапо. Капитенот Пујол ја скрши раката, а Бускетс заработи црвен картон.

Романскиот Клуж прв поведе против Манчестер Јунајтед, но гостите спречија сензација со двата гола на Робин ван Перси по асистенции на Руни.

По киксот на домашен терен против Клуж, екипата на Брага се рехабилитираше со важен триумф во Истанбул на жешкиот терен на Галатасарај.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 2. КОЛО:

вторник:
Група Е:
Јувентус - Шахтјор 1:1 (1:1)
Бонучи 25 - Тешеира 23
Нордсјеланд - Челси 0:4 (0:1)
Мата 33, 82, Луиз 79, Рамирез 89

Група Ф:
Валенсија - Лил 2:0 (1:0)
Жонас 38, 75
БАТЕ - Баерн 3:1 (1:0)
Павлов 23, Родионов 78, Бресан 93 - Рибери 90

Група Г:
Спартак Москва - Селтик 2:3 (1:1)
Еменике 41,48 - Хупер 12, Комбаров 71аг, Самарас 90
Бенфика - Барселона 0:2 (0:1)
Санчез 6, Фабрегас 56

Група Х:
Клуж - Манчестер Јунајтед 1:2 (1:1)
Капетанос 14 - Ван Перси 29, 49
Галатасарај - Брага 0:2 (0:1)
Микел 27, Алан 93

2 октомври 2012 - 23:28