Екипата на Динамо Загреб повторно е најголемо разочарување во Лигата на шампиони. Минатата сезона стана најслабиот тим кој некогаш настапувал во ова натпреварување со 0 освоени поени и гол разлика од -19, а оваа сезона тие ја разочараа и УЕФА заради слабата посетеност.
На првиот натпревар против Порто дојдоа само 4.683 навивачи. Секако најразочарани од празниот стадион беа самите фудбалери кои добија идеја за тоа како да ги привлечат гледачите.
Тие ќе платат пари само за да добијат поддршка од навивачите. Фудбалерите ќе издвојат средства од своите плати и на следниот натпревар од 3-то коло на Лигата на шампиони против ПСЖ, еден навивач ќе добие милион хрватски куни, односно околу 125.000 евра.