Михаел Шумахер веќе еднаш се пензионираше во 2006-та година, но по четири години реши да им се врати на трките. Сега најави дефинитивен крај на неговата кариера во Формула 1.
Седумкратниот шампиони соопшти дека нема да потпише договор со ниту еден тим по завршувањето на оваа сеозна.
„Решив да ја завршам кариерата на крајот од сезоната. И понатаму чувствувам дека можам да се натпреварувам со најбрзите, но некогаш доаѓа време кога треба да се каже збогум", изјави 43-годишниот Шумахер.
Во моментов тој се наоѓа на 12-та позиција во генералниот пласман, а откако се врати на трките во болидот на Мерцедес од 2010-та година нема забележано ниту една победа.
Михел Шумахер во својата кариера има извозено 302 трки, а триумфираше на 91 од нив. Тој ги освои титулите во 1994-та и 1995-та година и потоа доминираше пет сезони по ред од 2000-та до 2004-та година.