Рација во Наполи и италијанската федерација

Финансиска полиција утринава ги пребарува просториите на фудбалскиот клуб Наполи и Фудбалската федерација на Италија.

Со налог на обвинителството утринава финансиската полиција почна да ги „чешла" просториите на Фудбалската федерација на Италија и тренинг центарот на фудбалскиот клуб Наполи.

Тие ги прегледуваат и заплениле повеќе документи за купување и продавање на фудбалери, но до сега не се соопштени повеќе информации.

Шпекулациите се дека тие ги испитуваат сомнителните суми кои се исплатени за трансфери на неколку играчи, како и сумите кои ги имаат земано агентите.

Полицијата поминала половина час во просториите на федерацијата во Рим, додека во просториите на Наполи се задржале два часа.

3 октомври 2012 - 13:56