По само една сезона на кормилото на Свиндон, Паоло Ди Канио успеа да го одведе тимот во Лига Еден (трета по ранг лига во Англија). Но оваа сезона тие се соочија со проблеми откако тимот доби забрана за трансфери, а неколку првотимци се повредија.
„Сигурен сум дека тренерот има големо влијание. Можам да ги подобрам играчите за 25%, но јас не сум Господ. Јас сум еден од најдобрите тренери, но не сум Господ", беше „скромен" Ди Канио.
По 11 одиграни кола Свиндон се наоѓа на четвртата позиција која води во плеј-оф и три поени заостанување зад втората позиција за директен пласман во англискиот Чемпионшип.
Откако минатата сезона тој го освои првото место во Лига Два, Паоло Ди Канио вети дека покрај неколкуте тетоважи меѓу кои е и онаа посветена на фашистичкиот лидер Бенито Мусолини, на неговото тело ќе се најде и тетоважа за англискиот клуб.