Паоло Ди Канио, во негов стил, остро и директно ги нападна фудбалерите околу кои изби голем скандал, а еден од нив е веќе суспендиран цела сезона. Го спореди неговото време кога му се треселе гаќите пред првиот човек на Јуве.
Некој можеби подзаборавил кога Паоло Ди Канио во 96-та направи трансфер од Милан во Селтик. Речиси да нема клуб за кој нема постигнато посебен гол по кој паѓа во транс и тој и коментаторот и навивачите. Со интелигенција до понижување на голманот.
„Кога во еден момент видов дека ми доаѓа топката, инстинктивно направив волеј како на велосипед за што процентот на тешкотија да се даде тој гол е 99. Но ако ја видите промената во воздухот, тоа е хармонија што може да ја има само танчер“, објасни Паоло.
Беше многу темпераментен, на моменти агресивен, ама и познат по тоа што фудбалот го играше со голема страст. Не е дека освои многу трофеи, ама навивачи сигурно, како на пример оние на Лацио и Вест Хем.
Како по правило, која екипа и да гостува на „Олимпико“, го провоцира домаќинот било да е Рома, било да е Лацио со реквизит на еден од овие два клуба. Синоќа романистите ги иритираше еден навивач на Порто.
На 26. март 2000 година, пред точно 18 години Вест Хем играше против Вимблдон. Марк-Вивиен Фое го пронајде Тревор Синклер, овој ја прими и упати убав центаршут до Паоло Ди Канио. А Италијанецот?
Стадионот Аптон Парк да може да зборува, денеска ќе го раскаже најепскиот меч кој го преживеал и кој се случи на денешен ден пред точно 18 години. Главни протагонисти: Паоло Ди Канио и младите Франк Лампард и Џо Кол.
Кариерата на Паоло Ди Канио во Премиер лигата ќе се памети по неколку негови белези кои ги остави на островот. Три од нив сигурно се туркањето на судијата, фер плеј потегот кога ја фати топката со рака и го прекина мечот и ова ремек дело кое се прави еднаш во кариера. Се случи на денешен ден пред точно 17 години на мечот Вест Хем - Вимблдон.
Манчестер Сити минатиот викенд го доживеа првиот пораз во Премиер лигата под водство на Пеп Гвардиола, а тој за казна им забрани да користат интернет. Тоа не е ништо кога ќе ги видите што забрануваа други тренери.
Поранешниот славен италијански фудбалер не е повеќе соработник на Скај каде ќе останеше ако носеше маица по долги. Причината за прекинувањето на соработката е една тетоважа која во превод значи „лидер“, асоцијација за Бенито Мусолини.
На дуелот меѓу Хилсброу и Арсенал во 1998-ма Најџел Винтербурн и Паоло Ди Канио го направија еден од најпознатите инциденти во Премиер лигата. Еве ги повторно на дуелот меѓу легендите на Арсенал и Милан, ама со симулација на истата сцена.
„Најдоброто од италијанскиот фудбал: Тактиката и организацијата“, вели Паоло Ди Канио, кој тврди дека Сити ќе го освои шампионатот по инерција, а има што да каже и за Ван Гал.
Чеканите од Лондон во сезоната 1999/2000 во својот состав ги имаа Џо Кол, Мајкл Керик, Тревор Синклер, Рио Фердинанд, Франк Лампард, Пол Ванчоп, Фреди Кануте и нивниот лидер Паоло Ди Канио.
Да играш во една од најсилните лиги во светот каде се вртат најголемите пари и да го носиш дресот на Манчестер Јунајтед, Ливерпул или Арсенал не е гаранција дека ќе добиеш повик во националниот тим. Веројатно најголемиот проблем е конкуренцијата.
Откако новиот селектор на Ирска, Мартин Онил првата прес конференци ја искористи силно да го искритикува италијанскиот стратег кој дојде на негово место во Сандерленд, стигна и реакцијата.
Новоназначениот селектор на Ирска ја искористи првата прес конференција да го нападне неговиот наследник на клупата на Сандерленд, кој го замени кон крајот на минатата сезона и кој веднаш го обвини Онил за слабата форма на играчите.
Продолжува револуцијата во Сандерленд под водство на Паоло Ди Канио. Италијанскиот стратег во текот на летото им го промени цел стил на живеење на своите фудбалери, а сега им нареди и да учат по пет нови зборови секој ден.
Фил Бардсли и Матју Килгалон не го одбраа баш најсоодветниот начин на прослава откако успеаа да изборат опстанок во Премиер лигата, особено ако се знае дека претпоставен им е Паоло Ди Канио.
Италијанскиот стратег кој често пати е во центарот на вниманието во Англија, почна со строгите правила и во неговиот нов клуб кој го превзеде пред околу месец и пол.
Темпераментниот Италијанец кој живее за фудбалот и страствено ги доживува победите, по остварувњето на одличните резултати со Свиндон кој од четвртата успеа да го однесе на челните позиции во третата англиска лига, тимот на соработници си го донесе и во екипата на Сандерленд.
Уште една одлична кампања од маркетинг секторот на британската кладилница Paddy Power. Овој пат тие направија видео во кое новиот газда на Сандерленд, лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун говори за неговите планови за опстанок во Премиер лигата.
Волонтерите кои го исчистија снегот и овозможија да се одигра натпреварот помеѓу Свиндон и Шрузбури беа наградени со пица која отиде на сметка на италијанскиот стратег.
Менаџерот на англискиот третолигаш Свиндон, Паоло Ди Канио ја изненади фудбалската јавност со несекојдневна изјава. За да ги задржи најдобрите фудбалери во својот тим од свој џеб ќе им дели пари.