10 изјави на Паоло Ди Канио во негов стил

Поранешниот славен италијански фудбалер не е повеќе соработник на Скај каде ќе останеше ако носеше маица по долги. Причината за прекинувањето на соработката е една тетоважа која во превод значи „лидер“, асоцијација за Бенито Мусолини.

За Лацио
-Да бидеш навивач на Лацио е нешто посебно и поразлично. Инстикнтот и ме пристисна кон тие бои и страста кон јастребот (симболот на Лацио), фасцинантно животно.
 
Неочекуван удар
-Подобро да бидеш амблем на Јувентус, отколку знаме на Лацио
 
За дербито
-Има два начини да се вратиш по една битка: со главата на непријателот или без својата.

За Лотито
-Да зборуваш за Лотито е како да пукаш во Црвен Крст.
 
За Балотели
-Понекогаш мисли дека фудбалот се состои во тоа што „ја земам топката, се местам и потоа другите трчаат за мене“. Не, фудбалот е жртва. Фудбалот е поврзаност со соиграчите. Но не во бар, треба да бидеш дарежлив на терен. Се надевам дека ќе ги покаже своите квалитети, но тоа ќе биде тешко бидејќи постојано е активен на социјалните мрежи и изгледа дека сака фудбалот го користи за да достигне слава.

Како тренер на Свиндон рече
-Луѓето треба да го сфатат мојот карактер. Јас зборувам со јазикот на телото, не малтретирам никој. Ако сакаат да ме бркаат од секој меч, нема проблем.Ќе го освојам првенството бидејќи имам силен тим.
 
Кога го напушти Селтик бидејќи претседалот вети, но не му го продолжи договорот.
-Јас не играм за лажговци и измамници.

Кога го бутна судијата на земја во 1998-ма
-Тоа беше мало туркање, се уште се прашувам како успеа да падне. Како и да е, немам што да се извинувам: Децата гледаат фудбал и во тој случај бев лош пример. Ќе беше подобро да му кажам нешто тивко како на пример срање едно.
 
За поздравот со десна рака после дербито
-Го поздравив мојот народ со кои делиме некои исти мисли за клубот и тоа треба да биде дозвола во таканаречениот слободен свет. Имам жена, два сина, застанувам на црвено, плаќам данок, никогаш не сум имал проблеми со судот, никогаш не сум вреѓал на расистичка основа, ниту евреи, тогаш зошто не можам да славам со еден потег кој потекнува од времето на Римјаните? Лукарели може да го прави тоа со полна тупаница во град каде на стадион одат со комунистички знамиња. Едноставно сите беа против мене.
17 септември 2016 - 14:34