„Друг свет. На Англичаните им успеа да го спојат традиционалното со модерното. Боксинг Деј е фудбалски Божиќ, кој преку телевизијата и стадионската политика стана и бизнис. Го знам добро духот на Боксинг Деј, сум го осетил и како играч и како тренер, но секоја година е како првпат. Се испружуваш пред телевизор, те возбудува страшен фудбал и се нервираш што Арсенал губи на таков начин. Венгер ризикува да не освои ништо ниту годинава, ако не ја засили одбраната“, го почна своето излагање Ди Канио на Фокс.
„Не знам како се спремале за тој меч, но овојпат ме изненадија и мене. По 2-1 против Сити убеден бев дека конечно најдоа континуитет и ментална снага, без разлика на повредите на важните играчи како Санчез, Казорла, Вилшер, Кокелан и Велбек. Но дојде Саутемптон и спуштија раменици“, додава контроверзниот Паоло, омилен лик на навивачите на Лацио.
„Голем професор по фудбал, но не ги мотивира на прав начин играчите. Како Пелегрини е: Седи на клупа и не се слуша кога ќе викне. Гледајте ги Гвардиола, Луис Енрике и Мурињо: Не дремат ни секунда. Арсенал беше катастрофален во Саутемптон“.
„Секогаш велеше дека после Челси не би водел ниту еден друг англиски клуб, но верувам дека се предомислил. Овој Јунајтед не е по негова мерка, но неговата горделивост може да направи преврат".
Меланхонијата на Ван Гал?
„Јунајтед на Ван Гал ниту еднаш не привлекол внимание: Бавен ритам, посед на топка, школски досаден фудбал. Едно време со Швајнштајгер имаа некоја рамнотежа. Сега влегоа во тунел и не може да ги оправдаат потрошените пари во последниве 12 месеци. Јунајтед го загуби англискиот дух и не се наоѓа во една меѓународна димензија. И Руни, и тој ми изгледа слаб. Ја загуби енергијата што го прослави".
Во глава ни е само Лестер.
„Фантастична приказна што ме прави горд Италијанец. Раниери му го даде на класичниот англиски Лестер најдоброто што го има италијанската школа: Организација и тактика. Лестер е феномен што трае. Може да заврши меѓу првите пет и да игра во Европа".
Главно име на Лестер?
„Канте".
На крај, кој ќе ја освои Премиер лигата?
„Сити, и тоа случајно. Одбраната игра добро досега, Пелегрини е човек од доверба, а има и шампиони за да ја освои титулата".
А во Италија?
„На крај ќе биде дуел меѓу Јуве и Наполи. Интер почнува да ме убедува, но падовите како на Лацио се неразбирливи. Рома стандардно игра стани-падни во амбиент кој паѓа во еуфорија и во депресија".
Кој тренер е за подиумот во 2015?
„Конте, Сари и Џампаоло, потоа Алегри и Ди Франческо".