Ди Канио им го скрати одморот на фудбалерите

Италијанскиот стратег кој често пати е во центарот на вниманието во Англија, почна со строгите правила и во неговиот нов клуб кој го превзеде пред околу месец и пол.

Паоло Ди Канио откако влезе во тренерските води, стана препознатлив по некои гестови кои не сме ги забележале кај неговите колеги, како на пример наградата која им ја даде на навивачите на Свиндон кои го исчистија снегот и овозможија да се одигра натпревар.

Откако седна на клупата на Сандерленд која му беше доделена за да го спаси клубот од испаѓање тој во два наврати покажа строгост кон своите избраници. Овој викенд на програмата се натпреварите од последното коло од Премиер лигата, а составот на Сандерленд со оглед на обезбедениот опстанок релаксирано ќе патува на гостувањето против Тотенхем.

Но и покрај тоа италијанскииот тренер не им дозволува на играчите веднаш да ги искористат деновите предвидени за одмор и од Лондон директно да се упатат на своите сакани дестинации.

"Тие имаат 44 дена одмор, но јас сум должен да им дадам минимум 28 дена, односно 4 недели. 44 дена е навистина премногу. За мене е најбитно тие да се сконцентрираат на мечот во недела и откако ќе заврши ќе решам дали може веднаш да одат на одмор. Не е професионално ако заминеме заедно на натпревар, а потоа по мечот се разделиме", изјави Ди Канио.

Вториот потег кој го направи италијанскиот тренер е паричната казна за 7 фудбалери на Сандерленд, затоа што не им потпишале автограми на своите навивачи.

Според оваа фотографија очигледно дека строгиот Италијанец нема ист третман кон сите, па така со своите помошници си одвои ден за релаксација на плажа.


17 мај 2013 - 14:35