Снежната бура која го зафати островот овој викенд оневозможи да се одиграат повеќе натпревари во Англија, но како и секогаш најупорен во своите намери е човекот кој живее за фудбалот и кој секогаш сака да победува.
Стадионот каде настапува тимот на Свиндон во саботата беше целосно затпруван со снег, но во акција тргнаа околу 200 волонтери, инаку навивачи на Свиндон кои овозможија натпреварот да биде одигран. За нивниот доброволен чин сите добија по една пица од нивниот миленик кој постигнува фантастични резултати со Свиндон.
„Ова беше навистина возбудлив момент. На теренот можеа да се забележат деца со своите родители како помагаат. Ова што го сторија е навистина за паметење„ изјави Ди Канио.
Кога италијанскиот тренер одлучил да ги почасти вредните навивачи ги имало околу 60, но набргу бројката рипнала на 200, па така за само една минута пиците ги снемало. Ваквиот потег на најверните навивчи на Свиндов се исплатеше затоа што нивната екипа славеше со 2:0.