Кога Паоло Ди Канио ги покани четворицата негови помошници во Свиндон, ги предупреди дека треба да ги остават своите фамилии во Италија на неколку месеци. Но откако минаа успешни две години во Лига 1 и Лига 2, овој пат ги доведе во елитната Премиер лига каде добија спасувачка мисија со екипата на Сандерленд.
Фабрицио Пикарета, 47
Помошник тренер, роден во Џенова
Стратегот кој длабоко ги анализира тактичките планови на теренот е десната рака на Ди Канио. Тие се запознаа на курс за тренери во Коверчано, Италија пред 5 години. Пикарета работел како тренер на нисколигашот Санремезе, а потоа бил дел од Интер со кој организарал тренинг кампови во Кина, Иран, Кува, Словачка и Романија. Кога Ди Канио беше назначен за тренер во Свиндон пред 2 години, најпрво се сети на него и му се јави за да го повика во Англија.
Доменико Доардо, 38
Тренер на голманите, роден во Верона
Доардо е препорака на Пикарета. Тој беше дел од академијата во Беневенто, потоа замина во Свиндон, а сега во Сандерленд има можност да ги тренира Сајмон Мињоле и Кеирен Узствуд кои се инаку репрезентативци на Белгија и Република Ирска. Доардо како голман бранел во помалите италијански клубови како Џенова, Торино, Виченца, Равена, Верона Тревизо и Новара, а има 7 настапи за младинската селекција на Италија до 21 година.
Клаудио Донатели, 39
Кондиционен тренер, роден во Рим
Донатели и Ди Канио се познаваат од Лацио, и додека Паоло настапуваше во тимот од Рим, Донатели беше дел од академијата на клубот во периодот кога Лацио го освои Купот на Италија во 2004 година. Потоа работеше во Циско, Паок и Тернана, но не му требаше многу време за размислување да замине во Англија.
„Реков дека ако добијам шанса да работам со него веднаш ќе заминам. Знаев дека Паоло Ди Канио ќе стане најдобар тренер", изјави Донатели.
Џулио Вискарди, 25
Физиотерапевт, роден во Рим
Вискарди има работено во клиниката Вила Стуарт во Рим, која е една од најдобрите според УЕФА и ФИФА. Челси, Манчестер Сити, Евертон и Барселона се дел од клубовите кои таму ги праќаа своите играчи на операции и рехабилитација. И тој беше дел од составот на Свиндон, предводен од Паоло Ди Канио.