Паоло Ди Канио
Во Британија замина во 1996 година кога направи трансфер од Милан во Селтик, а претходно играше за Лацио, Јувентус и Наполи. Најмногу се прослави во Вест Хем, особено со познатиот гол од волеј удар против Вимблдон. Во кариерата одигра 534 меча и постигна 127 голови, но никогаш не го облече италијанскиот дрес.
Стив Брус
Тренерот на Хул, 20 годишната играчка кариера ја заврши со над 700 настапи и 10 трофеи за Манчестер Јунајтед, а ја носеше и капитенската лента. Тој беше првиот англиски фудбалер во 20 век кој како капитен ги освоил Премиер лигата и ФА купот во една сезона. Ниту еден селектор на Англија не го повика.
Микел Артера
Капитенот на Арсенал е жртва на златната генерација на Шпанија. Играше за ПСЖ, Ренџерс и Евертон, а на „Емирати“ пристигна во 2011 година. 32 годишниот играч за врска има освоено 4 трофеи и настапуваше за сите младински селекции на Шпанија, но не заигра за сениорскиот тим.
Штефан Клос
Еден од најистакнатите германски голмани во 17 годишната кариера може да се пофали со 13 трофеи од кои Лига на шампиони со Борусија Дортмунд и четири титули првак на Шкотска со Глазгов Ренџерс. И покрај тоа, тој не успеа да му биде ниту замена на Оливер Кан и доби само шанса на Олимписките игри 1992 година.
Силвен Дистин
Членот на Евертон за време на 12 годишниот стаж во Премиер лигата играше за Њукасл, Манчестер Сити и Портсмут. 36 годишниот дефанзивец има над 400 настапи во англискиот фудбал и еден трофеј во ФА купот, но Франција не го повика. На Твитер се пошегува на своја сметка.
Кевин Кембел
Тој е рекордер по бројот на постигнати голови во Премиер лигата кој не добил повик за англиската репрезентација. Кариерата ја почна во Арсенал, а играше и за Евертон, Нотингем Форест, ВБА, Трабзонспорт и Кардиф Сити. Англискиот напаѓач има над 500 настапи и околу 150 голови.
Стид Малбранк
Фудбалерот на Лион, кој таму и ја почна кариерата, во меѓувреме одигра точно една декада во Премиер лигата за екипите на Фулам, Тотенхем и Сандерленд. 34 годишниот играч од средниот ред со над 200 настапи во Премиер лигата доби шанса за Франција на само два пријателски дуели.
Хауард Кендал
Најстариот од оваа листа беше активен фудбалер до 1981 година, а неговото име се поврзува со Евертон каде беше играч, а потоа и тренер. Во сезоната 1960/1970 стана шампион на Англија, но во кариерата со 600 одиграни мечеви, му фали настап за репрезентација на национално ниво.
Карло Кудичини
Италијанскиот голман го чуваше голот на Челси девет години и потоа замина во Тотенхем. На „Стемфорд Бриџ“по два пати ги освои ФА и Лига купот, а во 2002 година беше прогласен за најдобар играч на Сините. Но пречката како и за сите останати голмани од чизмата е Џиџи Буфон. Кудичини бранеше само за младинската репрезентација.
Хозе Енрике
27 годишниот Шпанец има над 200 настапи за Ливерпул и Њукасл, но до сега ниту еднаш ја нема претставувано својата земја. На позицијата лев бек за националниот тим на Шпанија играат Начо Монреал од Арсенал и Жорди Алба од Барселона.