Многу фудбалски, кошаркарски, одбојкарски, ватерполо селекции имаат свои прекари кои најчесто се поврзани со некаква симболика или успеси на националниот тим. Сега некои поборници на рамноправноста му се навртеле на прекарот на Нов Зеланд.
Да играш во една од најсилните лиги во светот каде се вртат најголемите пари и да го носиш дресот на Манчестер Јунајтед, Ливерпул или Арсенал не е гаранција дека ќе добиеш повик во националниот тим. Веројатно најголемиот проблем е конкуренцијата.
На 27 и 30 години срамота е човек да го соблече националниот дрес, а двајца на тие години се откажаа од нашата селекција. Бошко Ѓуровски изјави дека играњето за својата земја е нешто посебно и емотивно, а тоа одлично го знаат и рекордерите по бројот на настапи.